Во Тајланд загинаа девет будистички монаси, биле прегазени од пикап управуван од дете

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Девет будистички монаси загинаа, а над 20 се повредени во североисточната тајландска провинција Мукдахан кога на нивната поворка налетал пикап управуван од 11-годишно момче.

Жртвите се дел од групата составена од 34 будистички монаси и петмина верници кои пешачеле од еден храм во провинцијата Мукдахан во соседната провинција Убон Ратчатани.

Петмина од монасите загинаа на самото место, а четворица им подлегнаа на повредите во болница. Во инцидентот повредени се 22 монаси и еден цивил. Четворица од повредените се во критична состојба.

Шефот на полицијата во покраината Мукдахан, генерал-мајор Паирој Таипутра, изјави дека момчето со посебни потреби, го зело пикапот од семејниот дом и возело околу 10 километри пред да удри во групата монаси.

Полицијата сè уште не поднела обвинение, бидејќи истражителите сè уште ги утврдуваат околностите на несреќата. Полицијата сè уште не разговарала со момчето бидејќи тој сè уште е во состојба на шок и не е во можност да даде изјава, посочи Таипутра.