Едноставна салата е одлична идеја за лесен ручек.
Состојки
-150 гр пилешки гради
-40 гр тестенини
-2 тврдо варени јајца
-3 листа зелена салата
-50 гр. авокадо
-80 гр. чери домати
-Сушен магдонос и сол
-2 лажици јогурт
Подготовка:
Пилешкото се сече на тенки парчиња, се зачинува со сол и на пареа и се пржи на малку кокосово масло. Гответе ги тестенините. Сварете ги и јајцата.
Авокадото и чери доматите исечкајте ги на коцки и ставете ги во сад. Додадете ја салатата исечена на помали ленти. Кога пилешкото и тестенините ќе се изладат, додајте ги во салатата. Тврдо варените јајца исечкајте ги на помали парчиња и додајте ги во салатата.
Сè убаво измешајте, по потреба додајте сушен магдонос и посолете и прелијте со 2 лажици јогурт или можете да користите павлака ако немате или не сакате јогурт.
