Појадок што можете да го однесете на работа.
Состојки:
– 2 јајца
– 1 чаша брашно од хељда
– мелено ленено семе
– сусам
– 1 чаша минерална вода
– 3 лажици маслиново масло
– 1 кесичка прашок за пециво
Подготовка:
Измешајте ги сите наведени состојки за да добиете еднолична смеса.
Истурете во калап за мафини подмачкан со масло или обложете го со хартиени корпички и печете околу 30 минути во рерна загреана на 200 степени.
Оваа смеса е доволна за 10 мафини.
Добар апетит!
