БРИОШ е вид француски леб познат по својот богат, малку сладок вкус и мека, бујна текстура. Се подготвува од комбинација на брашно, јајца, путер и квасец, а својот уникатен вкус и текстура го должи на високата содржина на јајца и путер, што го разликува од традиционалниот леб.
Може да се обликува и користи на различни начини, а често се полни со солени и слатки филови. Солените филови може да вклучуваат состојки како што се говедско филе, колбаси или паштета од месо, додека слатките филови може да вклучуваат свежо овошје, крем од ванила или разни џемови.
Што ќе ви треба
Состојките за овој класичен рецепт вклучуваат брашно, свеж квасец, млеко, сол, шеќер во прав, јајца, путер и жолчка за премачкување.
Подготовка
Прво активирајте го квасецот така што во сад ќе ставите лажица брашно, лажица шеќер, малку млако млеко и свеж квасец. Покријте го садот со чинија и оставете го на топло место десет минути.
Тестото ќе го подготвите така што ќе го посолите преостанатото брашно, а потоа и смесата од квасецот. Се замесува тесто и се додава путерот малку по малку. Тестото е многу лепливо во оваа фаза, но тоа е нормално, затоа само продолжете да го месите додека не стане еластично. Ова ќе потрае најмалку 15 минути.
Оставете го тестото да нарасне во сад, покријте го со чиста кујнска крпа и оставете го на топло место околу 1 час или додека волуменот не се удвои.
Потоа измешајте го, поделете го на 2 дела и ставете го во добро подмачкан и набрашнет калап и оставете го повторно да нарасне помеѓу половина час и час и половина (во зависност од температурата во просторијата).
Загрејте ја рерната на 180°C, а бришот премачкајте го со жолчка од јајце. Печете 45 минути, а по 15 минути можете да го покриете со хартија за печење или алуминиумска фолија за да не потемни прерано.
