РЕЦЕПТ: Палачинки со тиквички и сирење

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Рецепт за сочни палачинки во кои ќе уживаат љубителите на тиквички.

Состојки:

– 700 гр тиквички

– врска со млад кромид

– 250 гр фета

– половината од магдонос

– 1 лажица мелена пиперка

– 130 гр брашно

  • 3 јајца

– лимон

– сол, бибер

  • масло

Подготовка:

Тиквичките изрендајте ги, посолете ги, па ставете ги на крпа 20 минути да се ослободи вишокот течност.

Измешајте сечкан кромид и фета, па додајте сечкан магдонос и мелен пипер.

Додадете брашно, сол и бибер, а потоа изматените јајца. Измешајте сè.

Тиквичките добро исцедете ги во крпа, па додајте ги во смесата која ќе стане густа, но така треба.

Ставете ја смесата во тава со загреано масло, па израмнете ги со лажица.

Пржете околу две минути од секоја страна. Послужете со лимон.