Стапчиња од лиснато тесто идеални за појадок.
Состојки:
– 1 пакување замрзнато лиснато тесто
– 1 јајце
– 1/2 лажичка сув билен зачин
– 60 гр рендан пармезан
– 2 лажици семки од тиква
Подготовка:
На набрашнета даска развлечете лист одмрзнато лиснато тесто со дебелина од околу половина сантиметар.
Изматете го јајцето и додадете го зачинот од сувата билка, а потоа покријте ја површината на тестото со половина од количината. Посипете со половина пармезан и сечканите семки од тиква.
Со остар нож исечете стапчиња широки два сантиметри и долги околу 10 сантиметри и спирално свиткајте ги. Ставете ги на набрашнет плех за печење.
Истата постапка повторете ја и со другата половина од тестото.
Се пече во рерна загреана на 200 степени околу 15 минути.
Послужете веднаш.
Добар апетит!
