Модифициран рецепт на традиционална бапка која ќе ги заслади и загрее студените зимски денови.
Тесто
- 530 грама обично брашно
- 100 гр. шеќер
- 10 гр квасец во прав
3 гр. сол - 180 ml вода
- 3 цели јајца
- 150 гр, путер
- масло
Чоколаден намаз
200 грама темно чоколадо
Подготовка
Квасецот измешајте го со млака вода со додавање малку шеќер и оставете го 10 минути да нарасне.
Во садот за матење додадете брашно, шеќер и сол и измешајте ги состојките.
Сега додадете ги јајцата, квасецот и водата во садот за матење и почнете да мешате.
Откако ќе се формира тестото, почнете постепено да го додавате путерот (сечете го на мали парчиња со нож или додадете го со лажица).
Откако ќе се соединат состојките, мешајте уште десетина минути, па тестото префрлете го во садот за нараснување што претходно сте го подмачкале.
Ставете го садот на ладно место и оставете го да нарасне најмалку 12 часа.
Во сад загрејте ги путерот и темното чоколадо. Откако ќе се растопат полека додавате шеќер во прав, какао и прстофат сол. Мешајте додека состојките не се соединат во компактна смеса.
Намачкајте го садот за печење со путер и посипете го со брашно. Исечете го тестото на половина.
Првата половина расукајте ја на набрашнета површина со дебелина од приближно 1 см.
Врз тестото намачкајте го чоколадниот намаз. Оставете 2-3 см од работ празен. Намачкајте ја празната површина со вода за полесно да се залепи.
Расукајте го тестото и спојте ги краевите за да не излета смесата при сечењето.
Со назабениот нож на средина развлечете го ролатот на половина и со овие половини направете плетенка.
Истото повторете го и со другиот дел од тестото и двете плетенки префрлете ги во садот за печење.
Покријте го садот со крпа и оставете го час и половина до два часа за тестото да нарасне.
Во загреана рерна печете го колачот на 190 степени 20-25 минути или додека не добие златно-кафеава боја.
Додека колачот се пече, подгответе сируп од 80 гр шеќер и 80 мл вода. Загрејте ги шеќерот и водата додека не се раствори целиот шеќер и смесата малку се намали.
Откако ќе се испече колачот премачкајте го со сируп и почекајте да се излади.
@shortgirltallorder How to Shape Babka Bread! (Full recipe is on my blog) #veganbabka #babka #chocolatebread #howtocook #cookingtutorials ♬ Can We Kiss Forever? – Kina
