Рецепт: Торта од морков

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Лесно за подготвување и многу вкусна торта.

Состојки:

(мерката е чаша 2 дл)

– 4 јајца

– 2 чаши кафеав шеќер

– 2 чаши брашно

– 3 лажички цимет

– 3 лажички ванилин шеќер

– 3 лажички прашок за пециво

– 2 дл масло

– 2 1/2 чаши рендан морков

– 2 лажички сода бикарбона

– 200 мл слатка павлака

– грст ореви

Подготовка:

Јајцата и шеќерот изматете ги додека не се запенат, а потоа додадете ги другите состојки и изматете го мазното тесто со миксер со најмала брзина.

Подготвеното тесто печете го околу 60 минути на 150 степени.

Кога тортата ќе се олади, украсете ја со изматена слатка павлака и сецкани ореви.

Пријатно!