РЕЦЕПТ: Врела љубовна напивка

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Со оваа комбинација на чоколадо, ароматични зачини, слатка павлака и млеко вашиот живот ќе стане сладок…

Потребно е:

  • 400 мл полномасно млеко
  • 150 г чоколадо за готвење
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • 1 стапче цимет
  • 1 чили (луто) пиперче
  • 2 лажичиња кафеав шеќер
  • 100 мл слатка павлака
  • 1 лажица ликер амарето
  • 2 лажици рендано чоколадо

Подготовка:

Во млекото додадете ги ванилиниот шеќер и кафеавиот шеќер, стапчето цимет и чили-пиперчето. Загрејте го до вриење.

Додадете го чоколадото искршено на парчиња и на тивко варете ја смесата со постојано мешање додека не се растопи чоколадото.

Садот тргнете го од рингла и по 10-тина минути извадете ги зачините и повторно напивката ставете ја да се вари до вриење.

Напивката распоредете ја во чаши и пред да ја послужите додадете го ликерот амарето и измешајте.

На крај украсете со изматена слатка павлака и посипете со изрендано чоколадо.