Напиток кој ќе ве освежи.
Состојки:
– 4 или 5 парчиња лубеница исечкана на коцки
– 1/2 чаша вода
– 2 лажици јаворов сируп
– исцеден крупен лимон
– банана
Подготовка:
Сите состојки ставете ги во блендер со 1/4 шолја вода и измешајте, по потреба разредете со уште малку вода додека мешате.
Истурете го напитокот во чаша и украсете со замрзнати коцки лубеница или парчиња лимон.
Пријатно!
