Рецесијата ќе удри врз новиот буџет – Беџети: „Не е време за продажба на државни добра“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Погледнете ги фотографиите од првиот снежен натпревар во сезоната на ХНЛ

СЛАВЕН БЕЛУПО оствари голема победа (0: 1) на гостувањето кај Горица во преостанатиот натпревар од 11. коло....

СЗО: На светот му се потребни повеќе вакцини против коронавирус

Мајк Рајан, водечки експерт за итни случаи на Светската здравствена организација (СЗО), го поздрави одобрението на Велика...

Загреб зафатен од снежни врнежи (видео)

Хрватска е завеана, а снег има и во други балкански земји.  Загреб е затрупан...

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо спомениците на хероите, Шилегов и Заев ќе завршат во срамниот дел од историјата на Македонија

По изјавата на градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов во која посочи дека неговиот став кон дислоцирање...

Милошоски: Вечерва на амбасадорскиот ЕУ-состанок, Бугарија ги блокирала и заклучоците за Македонија, а не само предлог-преговарачката рамка

Пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, на Фејсбук сподели вести од вечерашниот состанок на амбасадорите на ЕУ.

Буџетот за 2021 година може да биде успешно реализиран само доколку се следат проекциите направени во делот на фискалната политика, вели Академик Абдулменаф Беџети. Предупредува дека рецесијата од претходната година ќе има одредени негативни последици врз буџетските приходи.

„Буџетските приходи се дури 2 проценти пониско од тоа што биле предвидени во претходната година. Рецесијата во претходна година ќе има одредени импакти врз буџетските приходи. …Буџетот е прилично рационален и реален…Може да бидеме оптимисти“, рече Беџети.

Оптимистичките очекувања влеваат надеж и инспиративно повеќе влијаат на економските агенти….
И вицепремиерот за економски прашања вчера потенцираше дека државата има потреба од повисоки стапки на економски раст. Тој ги образложи проекциите за идниот Буџет.

„За економски активности за 2021 година се предвидени 70,2 милијарди денари, што кога ќе се земат предвид другите групи на расходи ќе биде втор најголем износ по социјалните трансфери. Тоа значи дека многу надеж полагаме во економијата и дека вистински ќе ја поддржиме.“, рече Битиќи.

Битиќи напомена дека државата планира да инвестира една четвртина од Буџетот во економијата. Со 150 милиони евра ќе се поттикнуваат новите инвестиции,но и отворањето на нови работни места.

Дали Владата ќе ја полни државната каса преку продажба на државно земјиште и преку најавените продажби на одредени непрофитни јавни претпријатија. Академик Беџети советува не е плодно време за тоа .

„Не мислам дека владата таа намера ја најави со цел за фискални придобивки,затоа што не е баш плодно време во период на криза да продавате такви асети . Но причината за тоа е лошото управување и лошиот менаџмент во тие ЈП во државна сопственост и тоа треба да се прави доколку постојат оптимални услови ….Значи не по секоја цена и не за создавање времено и за покривање дупки во Буџетот …“, рече Беџети.

Дали ќе бидат потребни нови задолжувања и дали тоа ќе удри врз грбот на граѓаните,Беџети одговара дека зачудувачки е што меѓународните институции посебно ММФ поттикнува поекспанзивни фискални политики. Извори на финансирање за наредната година има истакнува Академик Беџети