Само 59,7% од пратките во Пошта биле доставени навремено, што е далеку под пропишаните стандарди. Откриени се исто така непривалности во управување со имотот и јавните набавки, покажува ревизорскиот извештај на компанијата за 2023 година.
Додека вработените протестирале поради неплатените плати, директорите на пошта ги зголемиле своите примања за повеќе од 50 проценти. Иако пошта работи со загуби веќе со години, тоа не ја спречило директорката да одобри зголемување на платите на директорскиот тим во 2023 година, што било спротивно на законот.
Ревизорите исто така препорачуваат итни мерки за подобрување на финансиската стабилност и квалитетот на услугите. Друштвото е во лоша финансиска ситуација од 2017 година. Најголема загуба била регистрирани во 2022 година во изнис од 3,7 милиони евра.
Исто така било утврдено дека нема точни и усогласени евиденции за земјиштето и градежните објекти. Дел од објектите, како што се две одморалишта во Охрид, се во лоша состојба и им треба санација.