Во текот на вчерашниот ден испративме прашања до општина Арачиново околу резервоарот кој жителите на селото Грушино го градат со самоиницијатива. Од општината добивме писмен одговор дека иницијативи за реновирање на овој резервоар имало и од самата општина, но дека местото каде требало да се изгради е приватен имот, па затоа не можеле да интервенираат.
-Прашањето со водата во Грушино е поврзано со резервоарот за вода, а не со системот. Ние покренавме иницијатива, дури присутни беа и мештаните од селото. Имавме идеја да го развиеме проектот за санирање на резервоарот за вода во ова село. Од иницијативата што ја преземавме како општина, откривме дека резервоарот се наоѓа на приватен имот, и како таков, нѐ ограничи во нашите чекори во однос на ова прашање-велат од Општина Арачиново.
Од општината додаваат дека селото не било оставено во заборав и дека од почетокот на мандатот на Миликије Халими асфалтиран е 1км пат, а како што уверуваат, направени се и инвестиции во селското училиште.
-Во текот на нашиот период, општина Арачиново инвестираше неколку проекти во Грушино, како што е: регулирање на патот кон селото (во должина од 1км), инвестиција во училиштето во Грушино, креирање систем за централно греење и др. Посветени сме не само на ова село, туку и на сите други кои се дел од нашата општина“.
Жителите на с.Грушино со самоиницијатива собрале средства за да го средат резервоарот кој го изградил КФОР, а кој имал 10 години рок на употреба. Мештаните успеале да соберат 12.500 евра за изградба на резервоарот за вода.
