Пратеникот на коалицијата ВРЕДИ, Ријад Шаќири одговори на вчерашниот предлог на портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска која во Дејли Клик на ТВ21 рече дека може да се бара законско решение за статусот и на екс припадниците на ОНА. Шаќири побара од социјалдемократите да го повлечат предлог законот за измена на законот за бранителите и заедно да седнат и да постигнат договор за заеднички закон со кој ќе се опфатат и екс војниците на ОНА.
-Еве јас од овде им упатувам апел на сите политички претставници и претставниците на СДСМ, нека наредат повлекување на овој закон, да седнеме од утре и да составиме заеднички закон со кој ќе се опфатат и екс војниците на ОНА и сите вклучени во војната од 2001, да создадеме трајно решение и Македонија еднаш засекогаш да го реши прашањето на екс војниците на ОНА и припадниците на вооружените сили, и еднаш засекогаш да тргнеме по патот на евроинтеграциите и да не се занимаваме со прашања од минатото“, изјави Шаќири.
Во Дејли Клик Кузеска зборувајќи за предлог законот за Бранителите, рече дека може да се зборува и за припадниците на ОНА а го обвини претседателот на Собранието Гаши за двојни стандарди.
Пратеничката на СДСМ, Петровска достави во Собрание предлог измени на законот за бранителите кој предвидува зголемување на финансиската компензација за инвалидите и семејствата на припадниците на АРМ кои го загубија животот во конфликтот од 2001 но и да се прошири и со други припадници, екс припадници на безбедносните сили. Законот остана блокиран во собраниската комисија за социјални политики со која раководи пратеничката на ЕФ, Илире Даути.
