Ристески: Плата во плико е кривично дело, пријавете – Трендафилов: Да не се правиме како да не знаеме дека така се плаќаат работници

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21, заменик-министерот за економија Марјан Ристески и претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов истакнаа јасни пораки за појавата на т.н. „плата во плико“.

Ристески порача дека исплатата на плата во плико претставува кривично дело и ги повика граѓаните и работниците да ги пријавуваат ваквите случаи, нагласувајќи дека Владата нема да штити ниту еден работодавач што го прекршува законот.

Од друга страна, Трендафилов истакна дека јавноста не смее да се прави како да не е свесна за оваа појава, посочувајќи дека плаќањето работници „на плико“ е реалност на пазарот на труд и сериозен проблем кој мора системски да се решава.