Ристевски: Комисијата е во политичка инструментализација од страна на Бугарија и работите ги носат до ќорсокак

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Љупчо Ристевски, професор на УКИМ и член на мешовитата историска комисија со Бугарија, вечерва е гостин во „Клик Плус“ на ТВ21. Дебатираме за бугарско-македонските односи заедно со Миладина Монова.

Ристевски рече дека Комисијата од бугарска страна е во политичка иструментализација.

„Работата во Комисијата не оди така како што треба да оди, за жал. Се трудиме да се подобрат добрососедските односи во европскиот дух. Никогаш не сме имале такви настапи во која сме ја нападнале другата страна, да сме ги обвиниле, а сме имале и прилики и можности и мотиви да го направиме тиа, но нема да придонесе на градење на добрососедски односи, нема да ја подобри ситуацијата, така што мислам дека Комисијата од другата страна е во целосна политичка инструментализација што ја носи работата во ќорсокак“, рече Ристевски.

Целата изјава низ видео: