„Се е океј уште Ристо Пенов ни фали за министер и сите проблеми ќе ни бидат решени. Или како што би рекол премиерот ќе почнеме сега да работиме вредно, тој ќе ни даде енергија и дух, што знаеме дека не е така“, вели Тони Јаревски.
А ако се суди по оваа изјава, проблемите се веќе минато. Ристо Пенов на 65 години стана министер за локална самоуправа.
„Кога лажете, пута четири лажете и око не ви трепнува и како што личи, како што го личи вашиот ПР од лага влегуваме во поголема лага“, посочи Љупчо Пренџов.
„Ристо Пенов е смирен лик, кој е еден од ретките кои внимаваат на вокабуларот во јавниот простор. И тука уште еднаш ќе ги погледнам колегите од опозицијата и ќе повторам, еден од ретките кои внимаваат на вокабуларот во јавниот простор“, вели Санела Шкриељ.
„Почитувана колешке, да ви се обратам на чист македонски јазик за да ме разберете. Вашиот говор беше се што треба и не треба, ама не поврзано со кандидатот Ристо Пенов. Не се нервирајте слушајтеме што имам да ви кажам. Зборувате за вокабулар, каков вокабулар очекувате на вакви мизерни чекори кои ги правите како владеачко мнозинство, зар очекувате овде да ви мјаукаме?“, посочи Бети Стаменкова Трајкова.
На ред дојде и гласањето за уставните судии.
„ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе ја напушти седницата и нема да присуствува на овој срамен чин за државата. Благодарам“, посочи Никола Мицевски.
„Да ве чекаме? Да жалевте толку пред година дена ќе се избереа судиите за да има Уставен суд како што треба да има“, истакна Талат Џафери.
За Фатмир Скендер и Татјана Васиќ Бозаџиева за Уставени судии гласаа 64 пратеници за и само еден против.
