Обвинителката Ленче Ристоска во емисијата „Топ Тема“ на телевизија Телма се осврна на прашањето за евентуална ревизија на предметите во јавното обвинителство, нагласувајќи дека терминот „ревизија“ не треба да се толкува како целосно преиспитување на сè што било работено.
Таа истакна дека постојат законски механизми преку кои се врши надзор и контрола, и дека тие инструменти треба да се користат соодветно.
„Кога станува збор за ревизија, кога го користиме терминот ревизија, јас не би се впуштила во и позицијата на Државен јавен обвинител, не сметам дека е доверена исклучиво за вие да направите ревизија на се и сè што е работено. Има како и кога се врши таа ревизија преку механизмите на надзор и сметам дека клучно е за секој предмет, вклучително и за предметот на Пулс, постапувајќи по ние законски и подзаконски акти и норми кои што се поставени, а сметам искрено дека треба да трпат одредена еволуција, посебно во делот на надзорот на подзаконските акти, да се изврши контрола над начинот на кој што е постапувано во тој предмет“, изјави Ристоска.
Таа додаде дека комуникацијата меѓу Државниот јавен обвинител и обвинителите кои постапуваат во конкретни предмети е важна, особено кога се појавуваат дилеми или тешкотии во текот на постапките.
„Како што кажа колешката, да се разговара со колегите, бидејќи обврската за стапување на предметот и за носење на јавнообвинителска одлука е индивидуално кај секој обвинител, поединечно, што би се рекло кај колегите кои што постапувале во тој предмет. Сега, доколку колегите се соочуваат со одредени дилеми, доколку се соочуваат со одредени проблеми, лично гледаат дека во судницата имаме и вакви немили ситуации на конфронтација на оштетените лица со адвокатите и така натаму, сметам дека треба да го известат Државниот обвинител“, рече таа.
Според Ристоска, Државниот обвинител треба да делува како посредник и партнер во системот, со цел да се обезбеди поддршка за обвинителите на терен, но и да се заштитат правата на сите страни во постапката.
„Државниот обвинител е тука кој што треба да делува како еден вид на медијатор, односно како еден вид на партнер, како на колегите кои што се на терен, кои што имаат навистина тешка и неблагодарна задача. Така и да биде тука и за жртвите, за семејството на жртвите, но и да ја разбере и страната на одбраната и кои се нивните законски права, за да не дојдеме во една ситуација да превагне тежината на вината на една страна, целосно неосновано“, додаде Ристоска.
