Ризичен пожар кај Валандово: Ангажирани два „ер трактори“, огнот ставен под делумна контрола

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Попладнево, околу 13 часот, избувна пожар во атарот на валандовското село Удово, по што противпожарните екипи веднаш биле упатени на терен за да интервенираат.

Додека траела интервенцијата, избувнал уште еден пожар на локалната депонија во близина на Валандово. Поради слабиот ветер, огнот брзо се проширил кон околната ниска вегетација, што дополнително ја отежнало состојбата.

Поради стрмниот и тешко прооден терен, како и густата вегетација со трње, градоначалникот на Валандово, Ѓоко Камчев, веднаш побарал воздушна поддршка за справување со пожарот.

Набргу потоа во гаснењето се вклучиле два авиона „ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), кои интервенирале од воздух за да го локализираат пожарот.

Според последните информации, пожарот е ставен под делумна контрола, но и понатаму е активен на еден негов крак. Надлежните служби остануваат на терен и продолжуваат со активностите за целосно локализирање и гаснење на огнената стихија.