Родителите од ОУ „25 Мај“ браат враќање во училиштата, Муртезани: 220 ученици немаат дитигална опрема

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Родителите на учениците од ОУ 25 Мај во скопски Синѓелиќ бараат враќање на учениците во училиштата врз база на протоколи за заштита од Ковид-19.

Според тоа што го изјави директорот Муртезани, ова барање се базира и на тоа што 220 ученици од вкупно 1640 од ова училиште немаат дигитална опрема за следење онлајн настава.

„Повеќето родители бараат учениците да се вратат во училиште. Сите родители се согласни според протокол да се спроведе наставата. Но повеќето се за физичко присуство бидејќи имаме голем број ученици кои немаат дигитална опрема дома, компјутер или таблет за да следат онлајн настава. Околу 220 ученици немаат средства. За тие 220 ученици ќе видиме што ќе се случи.“, вели Муртезани.

Надлежните најавија дека ќе обезбедат опрема за учениците, но приоритет се социјалните случаи.

Училиштето се подготвува за комбинирана настава. За физичко присуство поставија средства за дезинфекција, поставија знаци за држење физичко растојание. За онлајн настава велат дека училиштето има дигитална опрема.

„Училиштето е опремено со дигитална опрема каде според распоредот ќе онлајн настава од дома ќе следат учениците од 4 до 9 одделение. Според планот од четврто до деветто одделение учениците ќе треба да следат онлајн настава.“, рече Муртезани.

Се уште имаат работа, затоа добро им дојде одлагањето на учебната година.

„Олеснување е, бидејќи училиштата кои се со голем број ученици во две смени имаат тешкотии да организираат настава според протоколот. Нашето училиште влегува во категорија за комбинирана настава, меѓутоа ова одлагање ни дојде добро за да се подготвиме како што треба.“, вели Муртезани.

Во училница не може да престојуваат повеќе од 20 ученици, треба да има посебна врата за влез и излез од училиштето. Доколку учениците и вработените додека се во училиште пројават симптоми, се изолираат во посебна канцеларија. Доколку некој добие позитивен резултат на Ковид-19, директорот го информира ИЈЗ, општината и МОН. Училиштата се очекува да се отворат на 1 октомври, но најпрво треба да се усвојат законските измени во Собрание.