Родителите се жалат дека учениците се психички малтретирани, бараат да се разреши учителка во ОУ „Љубен Лапе“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Родителите на децата од Основното училиште „Љубен Лапе“ во Аеродром излегоа на протест, поради, како што велат, психичкото малтретирање кое го трпат учениците од страна на наставничката Анета Костоска. Велат дека наставничката ги навредува децата дека се неспособни и необразовани. Родителите се обединија и побараа разрешување за наставничката, бидејќи во спротивно, како што најавуваат, нема да дозволат нивните деца да одат на училиште.

Според потпретседателот на Советот на родители, прекршени се сите професионални стандарди и кодексот за држење настава.

Но, веднаш потоа, иако не најави ништо пред медиумите, директорката на училиштето поднесе оставка. Го известила градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски, кој рече дека во текот на денот ќе назначи в.д. директор. Од МОН велат дека согласно податоците од Државниот просветен инспекторат и доставената жалба за работата на наставничката во училиштето, утре ќе биде извршен инспекциски надзор, по што ќе бидат споделени дополнителни информации со јавноста.