Иранскиот претседател Хасан Рохани предупреди денеска на опасноста судирот меѓу Азербејџан и Ерменија да прерасне во регионална војна.
– Ние мора да бидеме внимателни војната меѓу Ерменија и Азербејџан да не стане регионална војна. Мирот е основата на нашата работа. Се надеваме дека стабилноста во регионот ќе се врати на мирен начин, рече Рохани.
Тој, исто така ,додаде дека Иран нема да дозволи државите да „испраќаат терористи“ на границите на Иран под различни изговори.
