Рокас за нон-пејперот на Франција и Германија: „Тој нема да овозможи старт на преговорите, потребни се уставни измени“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најголемата порака од самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват е дека процесот на проширување на ЕУ е жив и ургентен, а земјите кандидатки не треба да ја пропуштат оваа можност. Ваква порака од Штип испрати европскиот амбасадор Михалис Рокас. За германско-францускиот нон пејпер вели дека е документ кој детално го објаснува процесот на преговорите, која земја кога и како ќе ги затвори поглавјата, но сам по себе нема да овозможи Македонија да почне да отвора кластери.

-Според мене, начинот на кој гледам на тој нон-пејпер, не сум експерт да за толкување на такви документи, е дека мора да ги усвоите уставните измени, затоа што тоа е преговарачката рамка усвоена во 2022 година, со веднаш ќе се оди на втората меѓувладина конференција и да ги почнеме преговориме. Тогаш, јас сум убеден дека Северна Македонија ќе може да отвора и затвори поглавја многу брзо, во зависност од реформите кои се во тек и кои се имплементирани, изјави Михалис Рокас, Амбасадор на ЕУ во Македонија.

Кога ќе се случат уставните измени, евроамбасадорот не може да предвиди. Вели тоа е одлука на Владата и политичките партии, бидејќи има постапка во Собранието која мора да биде испочитувана.

-Што се однесува до уставните измени не можам да предвидам. Тоа е политичка одлука. Очигледно е дека мора да се случи во Собранието, бара одредена процедура која мора да биде исполнета. Кога ќе одлучи Владата и политичките сили дека е вистинскиот момент да се направи последниот и одлучувачки чекор, тоа ќе биде подобро за се она за што го зборувавме претходно, изјави Михалис Рокас, Амбасадор на ЕУ во Македонија.

Што се однесува до реформите, амбасадорот вели дека не постои сомнеж во дека има силно забрзување во нивното спроведување, додавајќи дека имал средба со спикерот Африм Гаши, на која добил уверување дека до крајот на овој месец би требало голем дел од реформските закони да поминат во собраниска процедура.