„Роковите за Бит Пазар се пробиени 100%“ – оштетени се трговците, но задоволни што се гради

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Поминаа две и пол години  од почетокот на изградбата на Бит Пазар, но багерите се уште работат. Сега изградбата на овој пазар е во последна фаза, но работите се далеку од завршени. Голем дел од пазарџиите се преместени во веќе изградениот дел и просторот измеѓу е празен. Се подготвува теренот за почеток на изградбата на паркинг. Одложувањето на работите им предизвика штета на пазарџиите, но тие велат дека добро е што се гради пазарот.

-Посакуваме работите да се реализраат побрзо.

ТВ21: Дали имате штета од тоа што не е изграден брзо?

-Да, сигурно дека сме оштетени. Има една недела откако сме во изградениот дел. Колку побзро се заврши, толку подобро.

Задоволни се со условите во кои сега работат, а од инвеститорот Скопски пазар добија ветување дека објектот ќе биде готов за два месеца.

Дека работите се одложени и роковите пробиени 100 пати изјави и претседателот на Комората на трговци, Екрем Долек. За разлика од трговците, тој вети дека пазарот ќе биде готов за 5 месеци.

„Работите не се одвиваа како што се договоривме. Одредените рокови се прекршени 100%, значи е пробиен рокот. Но до одредена мерка тоа е оправдано, бидејќи во меѓувреме Скопски пазар ги смени раководните структури. Работите одеа добро, така што се планира дека до крајот на годината ќе заврши целиот проект.“, вели Долек.

Одлуката за изградба на Бит Пазар е соопштена уште пред 10 години. Беше ветување во секој изборен циклус. Изградбата се очекува да се финализира со изградбата на паркингот  со 230 паркинг места. Влезот на паркингот беше побарано да биде од страна на булеварот, но поради сообраќајните услови, тој ќе биде од страната на Албанскиот театар.