Романија донираше четирицикл за потребите на ДЗС

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Денеска во Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) се изврши примопредавање на донација, конкретно на возило за повеќе намени – „АТВ“ (четирицикл), помеѓу Амбасадата на Романија во Република Северна Македонија, претставувана од Јоана Вероника Цјолка, заменик-амбасадор и директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.

Донацијата е реализирана огласно проектот насловен „Помош во областа на управување со итни ситуации“ (Проект бр. 1464 од 3 јуни 2025 година), склучен помеѓу Агенцијата за меѓународна соработка и развој (РоАид – RoAid) при Министерството за надворешни работи на Романија и ДЗС.

Инаку, Романија е докажан и значаен партнер на Македонија и во сферата на спасувањето и заштита, а агенцијата „РоАид“ веќе неколку години континуирано придонесува кон развојот и јакнењето на капацитетите на ДЗС преку реализација на три проекти, за обезбедување опрема за справување со катастрофи и итни ситуации.