Романскиот премиер Марсел Чиолаку води во првиот круг претседателски избори

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Романскиот премиер Марсел Чиолаку и кандидатката на десничарската партија „Сојуз за спас на Романија“ Елена Ласкони, освоија најмногу гласови во првиот круг од романските претседателски избори во неделата, покажуваат излезните анкети и тие треба да одат во вториот круг.

Социјалдемократот Чиолаку освои околу 25 отсто од гласовите, додека Ласкони околу 18 отсто. Вториот круг од изборите е закажан за 8 декември. Чолаку пред првиот круг од изборите беше фаворит меѓу 14 кандидати.

Претседателот ја одредува надворешната и безбедносната политика на земјата-членка на ЕУ, е врховен командант на армијата и е вклучен во проверките на тајните служби.