ВИДЕО: Се урна авион во Литванија, паднал врз куќа

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Товарен авион на DHL се урна во близина на аеродромот во Вилнус, во областа Липкалнис, јавија литванските медиуми. Според официјалните информации, пилотот – кој се освестил – бил извлечен од урнатините и предаден на медицинскиот персонал. Претставник на Одделот за противпожарна заштита и спасување (ПАГД) за ЛРТ РАДИО изјави дека најмалку едно лице загинало, а неколку се повредени.

Според информациите, товарниот авион летал од Лајпциг, а се урнал непосредно пред слетувањето, и паднал врз куќа.

Претставникот на аеродромот Мариус Зелениус за ЛРТ РАДИО изјави дека на местото на несреќата работат голем број спасувачки екипи. Според него, авионот од Лајпциг се урнал околу 5:30 часот по литванско време во Липкалнис.

Според прелиминарните податоци на ПАГД, во 5 часот и 28 минути е добиена информација дека товарен авион паднал врз куќа. Пилотот бил извлечен од авионот откако се освестил, но нема информации за тоа дали и колку луѓе имало во куќата.

„Две лица се однесени во болница, едното од нив им подлегнало на повредите. Според информациите, тоа се лицата кои биле во авионот“, рече претставникот на ПАГД.