Роналдо експресно се отселил од неговата вила во Манчестер поради овци

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Кристијано Роналдо неодамна потпиша договор со Манчестер Јунајтед. Најде и нова вила во која ќе живее со семејството, но после само една недела се преселил во друга куќа.

Роналдо и неговата сопруга и децата се отселиле поради тоа што овците им правеле бука, пишува „Сан“. Исто така стравувал и за својата сигурност.

Нивниот нов дом има базен, кино сала, гаража во која може да се паркираат четири автомобили. Имотот е осигуран со надзорни камери и електрични врати, и нон-стоп е под надзор.