Еден од најдобрите играчи на сите времиња, некогашниот бразилскиот репрезентативец Луис Назарио да Лима Роналдо, во една неодамнешна изјава призна дека конзумирал алкохол и за време на натпреварите, а никој не успеал да го примети.
Како му успеало тоа, открива тој самиот.
„Пивото го ставав во шишиња за енергетски пијалоци или во шишето за вода кое беше наменето за мене. Се криев. А сега кога не играм повеќе, драго ми е што повеќе не морам да се кријам“, рече Роналдо.
Дека е љубител на пивото добро се гледа денеска по неговиот изглед, со оглед на фактот дека сега има неколку килограми повеќе и „пивски“ стомак.
Роналдо играше во различни тимови како ПСВ, Барселона, Интер, Реал Мадрид, Милан.
