Португалската фудбалска мега ѕвезда Кристијано Роналдо потврди дека ова е неговото последно Светско првенство. Португалија беше елиминирана во осминафиналето од Шпанија во понеделник вечерта, откако прими гол во продолжението, а португалската легенда го напушти теренот во солзи.
Сепак, 41-годишникот рече дека си заминува со чиста совест, нагласувајќи дека дал сè за националниот тим.
„Како се чувствувам денес? Исто. Со чиста совест. Дадов се од себе. Освоив три титули со Португалија.“
Роналдо потсети дека пред него, Португалија не освоила никакви трофеи, а како најголемо достигнување со репрезентацијата го истакна триумфот на Европското првенство во 2016 година.
„Пред Кристијано, Португалија немаше освоено никаква титула. Затоа сум среќен. Тоа е вистината. Најголемата титула што ја освоив беше онаа во 2016 година. За мене, искрено, има иста вредност како и Светското првенство. Затоа си заминувам со чиста совест. Дадов се од себе… и тоа е тоа.“
Еден од најголемите фудбалери во историјата на спортот, Роналдо потврди дека нема да игра на уште едно Светско првенство.
„Вистината е дека ова беше моето последно Светско првенство. Сега имам време да размислувам, да бидам со моето семејство и да не донесувам одлуки со врела глава. Ќе продолжам со мојот живот.“
