Рот: Многу луѓе ја напуштија вашата земја и би бил среќен кога би се вратиле

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Мојата порака е сосема јасна: никој не Ви пропишува како да живеете, никој не смее да Ви пропише кој јазик го зборувате, никој не смее да се меша во Вашиот културен идентитет, во прашањата за традицијата на оваа земја. И за тоа се залага ЕУ.  И се надевам дека ќе успее да се воспостави нова доверба меѓу луѓето во Бугарија и Северна Македонија, но знам дека голем дел од довербата е изгубен. Но, не смееме да дозволиме и понатаму да се инфицираме од отровот на национализмот и популизмот“, вели германски пратеник и претседател на Комисијата за надворешна политика во Бундестагот, Михаел Рот во ексклузивно интервју за емисијата „Клик Плус“ на ТВ21.

Рот рече дека многу млади ја напуштиле Северна Македонија, бидејќи, како што вели, не верувале во иднината на оваа земја.

 „И сакам луѓето да може да се вратат, да кажат: да, ова е мојата татковина и тука сакам да имам семејство, тука сакам да имам егзистенција, но тоа ќе е можно кога ќе сте цврсто усидрени во ЕУ. Во тоа сум цврсто убеден“, изјави Михаел Рот, германски пратеник и претседател на Комисијата за надворешна политика во Бундестагот.