Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека Иран се обидува да го искористи Ормутскиот теснец како „алатка за притисок врз светот“.
Тој ја обвини дека се обидува да контролира витална меѓународна рута и ги повика другите земји да го споделат товарот за заштита на глобалниот поморски транспорт.
Во разговор со новинарите пред да замине на состанок на Филипините, Рубио рече дека американските воени операции се фокусирани исклучиво на запирање на иранските напади врз трговски бродови и ослабување на способноста на Техеран да го загрози поморскиот сообраќај.
„Јасно е дека Иран, или барем некои луѓе во Иран, сакаат да го контролираат теснецот и да го користат како алатка за притисок врз светот“, рече Рубио.
„Соединетите Американски Држави ќе продолжат да прават што е потребно за да го заштитат глобалниот превоз, но и другите земји мора да почнат да придонесуваат, без разлика дали со опрема или со финансиски средства, за да го споделат овој товар“, додаде тој.
Според него, Вашингтон не може да остане единствено одговорен за обезбедување на еден од најпрометните поморски трговски патишта во светот.
„Не е работа на Соединетите Американски Држави засекогаш да го штитат бродскиот сообраќај на целата планета“, рече Рубио.
