Русија го погоди комплексот каде што живее албанскиот амбасадор во Киев, Хоџа: Неприфатливо

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Уште еден масовен руски напад со балистички ракети и дронови ја потресе Украина во текот на изминатата ноќ, при што беше погоден и резиденцијалниот комплекс каде што живее албанскиот амбасадор во Киев. Веста ја објави министерот за Европа и надворешни работи, Ферит Хоџа, кој остро реагираше преку објава на мрежата Х.

Според Хоџа, нападот сериозно го загрозил животот на албанскиот амбасадор, квалификувајќи го настанот како „целосно неприфатлив“. Албанија ги осуди нападите врз цивилни цели во Украина и ја обвини Русија за тотално игнорирање на човечкиот живот и меѓународното право.

„Целењето на цивилни области и загрозувањето на дипломатскиот персонал претставува сериозна ескалација и уште еден потсетник за човечката цена на руската агресија“, изјави министерот.

Во својата реакција, Хоџа нагласи се дека војната започната од Русија предизвика големи уништувања во Украина, постојано погодувајќи ја енергетската инфраструктура, училиштата, болниците и цивилните домови, но без да успее да го скрши отпорот на украинскиот народ.

Тој го повтори повикот Русија веднаш да ги запре нападите, да ѝ стави крај на војната и да се врати на преговарачката маса, почитувајќи го меѓународното право.

Албанија, според министерот, ќе продолжи да го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, додека одговорните за овие напади мора да сносат одговорност.

Во меѓувреме, албанското Министерство за надворешни работи го повика на објаснување амбасадорот на Руската Федерација во Албанија по овој инцидент.