Русија: Милитанти фрлиле бомба кон полицијата, па почнале да пукаат – има жртви, полицијата ги убила напаѓачите

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Петмина милитанти се убиени во руската република Карачај-Черкесија, откако фрлиле бомба врз полицијата и отвориле оган, при што загинале двајца полицајци, а четворица биле повредени, соопшти денеска полицијата на Телеграм.

Во полициското соопштение се наведува дека напаѓачите од автомобилот фрлиле бомба кон патролата на сообраќајната полиција и отвориле оган од автоматско оружје.

Во конфликтот загинаа двајца полицајци, а ранети се двајца сообраќајни службеници, еден полицаец од областа Курган и еден припадник на Националната гарда, пренесува РИА Новости.

Убиените напаѓачи беа идентификувани како наводни учесници во нападот врз полицајците на 22 април кога убиле двајца полицајци, а еден го оставиле во критична состојба, откако отвориле оган врз нив и украле оружје и побегнале. По нив е распишана потерница.