ВИДЕО: Зоолошка градина во Кина бојадиса кучиња за да изгледаат како панди

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Зоолошката градина во Кина стана вирална поради маскирање на кучиња во бебиња панди.

Расата на кучиња – која потекнува од областа – е позната по своето меко и двослојно крнзо. Кучињата се промовираат како „кучиња панди“, а настанале оти зоолошката нема вистински панди.

Портпаролот на зоолошката изјави дека кучињата не се повредени, туку користена е нетоксична боја.

„Луѓето ја бојадисуваат и косата“, изјави портпаролот.

Ова не е прв пат зоолошката градина да стане хит, минатата година мечка стана вирална откако одеше на задните нозе, па поттикна шпекулации дека станува збор за маскиран човек.