Русија не може повеќе да ја гарантира безбедноста на турската авијација во Сирија, после одлуката властите во Сирија да го затворат воздушниот простор над Идлиб.
Ова не брифинг го соопшти раководителот на Центарот за помирување на завоените страни во Сирија, Олег Журављов.
„Имајќи во предвид дека дојде до ескалација на ситуацијата во воздушниот простор над Идлиб, сириските власти беа приморани да го затворат. Во тој случај командата на руските сили не може да ја гарантира безбедноста на турската авијација“, рече Журављов за „Спутник“.
