Руската армија изврши ракетен напад врз Киев

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Руската армија утринава изврши ракетен напад врз Киев, во кој загина најмалку едно лице, соопштија украинските власти.

„Вака Путин сака да ја заврши војната. Русија изврши ракетен напад врз Киев и неговата околина“, изјави Андриј Јермак, началникот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко изјави дека во овој напад загинало најмалку едно лице, а избувнале и неколку пожари, пренесе Хина.

Предупредувањето за воздушен напад дојде по почетокот на нападот, што значи дека украинската одбрана не го забележа нападот користејќи радар.

Не се знае кои ракети употребила руската армија во оваа прилика.

Медиумите објавија дека се слушнале бројни експлозии кои звучеле како украинска противвоздушна одбрана.