Рускоска не го коментираше Законот за ЈО, ќе чекала да излезе во Службен весник

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во последните часови од работата на Собранието, се изгласа новиот Закон за ЈО за кој се крена многу прашина во последните неколку дена. Обвинителката Вилма Рускоска денеска после судењето за „Рекет“ на прашање за став за Законот, рече дека ќе коментира по излегувањето во Службен весник.

– Толку пати се менуваа одредени членови во тој закон што навистина чекам да излезе во Службен весник, да го прочитам па да можам да дадам било каков коментар, изјави Рускоска.