Русковска: Груевски многу сакаше да се соочи со народот, но кога требаше да се соочи со правдата, најкукавички избега

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Обвинителката Вилма Русковска, на денешното рочиште за судењето на оргнаизаторите на 27 април, во воведните зборови го спомена и некогашниот премиер Никола Груевски, за кој, според неа, е еден од организаторите, но кога требало да се соочи со правда, избегал.

„Ќе ги видите пораките кој тој ден биле испраќани до членовите на ВМРО-ДПМНЕ. Несомнено знаеме кои луѓе ги отворија вратите на Собранието, но исто тка знаеме дека вратите ги отворија затоа што така им беше кажано од обвинетите кои се пред вас, но и од нивниот лидер Груевски кој толку многу сакаше да се соочи со народот на избори, но кога требаше да се соочи со правдата, најкукавички избега“, рече Русковска.