Ружин: Пожелно би било да се внесат Бугарите во Уставот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Нано Ружин, поранешен амбасадор на НАТО, вечерва во дебатниот магазин „ClickPlus“ на ТВ21 порача дека пожелно е да се внесат Бугарите во македонскиот Устав.

Како што вели, нема шанси договорот со Бугарија да се поништи.

„Нема шанси таков мултилатерален договор да се поништи, едноставно во прашање е нивниот имиџ, инаку веројатно би сакале. Би било пожелно да се внесат, не само Бугарите, туку сите“, вели Ружин и додава дека дури и Бугарија да каже дека прифаќа, сепак тешко би случило тоа.