САД и Иран потврдија, постигнат е договор за мир – потпишувањето ќе биде в петок, во Швајцарија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

САД и Иран конечно постигнаа договор за мир, во форма на меморандум, кој се состои од неколку точки, а кој во траен договор треба да прерасне со потпишувањето кое ќе се случи во петок во Женева. Веста ја потврдија трите страни вклучени во преговорите, САД, Иран и Пакистан како посредник.

-Овој голем договор ќе донесе мир и безбедност во целиот регион. Многу претседатели се обидоа да постигнат мир со Иран, и сите не успеаја пред мене. Лидерите на регионот за прв пат пронајдоа претседател кој може да им помогне да постигнат вистински мир. Со отворањето на Ортмутскиот теснец по потпишувањето на договорот во петок, за потребите на отстранување на мини, нафтата повторно ќе тече и за двате страни, за регионот и за светот! – изјави Доналд Трамп, претседател на САД.

Меморандумот го потврди и иранската државна телевизија.

-Според постигнатите договори, војната и воените операции на сите фронтови, вклучувајќи го и Либан ќе завршат веднаш и трајно почнувајќи од вечерва. Дополнително, поморската блокада против Иран ќе биде укината веднаш и во целост. Меморандумот за разбирање ќе биде официјално потпишан во петок, 19 јуни 2026 година. Преговорите за конечен договор ќе бидат одложени до спроведувањето на обврските на другата страна од меморандумот за разбирање, вели Иранската државна телевизија.

Посредник во преговорите беше Пакистан. Премиерот на оваа држава Шахбаз Шарив доби оваации во парламентот, кога во обраќањето потврди дека е постигнат договор.

„Господине спикеру, тоа е безграничната милост и милосрдие на семоќниот Алах што денес светот го премина историскиот праг на мирот. По темната ноќ на војната, изгреа сонцето на мирот, а по тримесечна и 16-дневна ужасна војна, со Божја милост, Иран и САД се договорија и објавија целосен и траен крај на воените операции на сите фронтови, вклучувајќи го и Либан“, изјави премиерот на Пакистан, Шахбаз Шарив.

Неколку светски медиуми ги објавија најважните точки од меморандумот. Тој предвидува:

-Итен крај на војната

-Отворање на Ормутски теснец и укинување на блокадата

-Укинување санкциите и ослободување на замрзнати средства

-Нуклеарни разговори и „црвени линии“ на Иран

-Планови за реконструкција и конечен договор

Иако Трамп испрати порака да ги запалат моторите, сепак стотици бродови останаа во застој во Ормутскиот теснец. Веројатно, ќе останат закотвени се додека и официјално договорот не биде потпишан во петок во Женева.

Затворањето на Ормускиот Теснец ги потресе меѓународните пазари и предизвика нагло зголемување на цените на горивата и другите основни производи, вклучувајќи ја и храната.