САД и Литванија загрижени поради руското распоредување воени сили на границата со Украина

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Заменик државниот секретар Венди Шерман денеска се сретна со министерот за надворешни работи на Литванија, Габриелус Ландсбергис, при што се потврдија силните одбранбени и економски врски како и заложбата за промоција на демократијата и човековите права во трансатлантскиот регион и низ целиот свет, јавија од Стејт департментот. 

-Двајцата лидери ги поздравија напорите за засилување на нашите и онака силни економски врски со потпишувањето на 23 ноември на Меморандум за разбирање меѓу Експорт-импорт банка на САД и Владата на Литванија, со што ќе се продлабочат врските меѓу американските и литванските бисниси, се вели во соопштението. 

Заменик секретарката исто така ја истакнала челичната солидарност со Литванија, сојузник на САД во НАТО и ЕУ, „во време на геополитички предизвици за регионалнаат стабилност, безбедност и економски развој“.  

-Двајцата лидери изразија загриженост поради необичните воени активности на Русија на границата со Украина и агресивната реторика и ја повикаа Русија да деескалира со тензиите. 

Државниот секретар му за заблагодари на Ландсбергис за лидерството на Литванија во поддршката на демократското движење во Белорусија и го повика режимот на Лукашенко на итно запирање на насилниите репресии врз белоруското граѓанско општество и запирање на кампањата на оркестрирани нерегуларни мигрантски движења преку границата со Литванија, Полска и Латвија.

Шерман го поздрави учеството на Ландсбергис на американско-литванскиот индопацифички дијалог и изрази поддршка за плановите на Литванија да ги прошири врските со демократиите од индопацифичкиот регион