Властите во Калифорнија издадоа предупредување за атмосферска река која се заканува да донесе обилни врнежи, силен ветер и поплави во областите кои неодамна беа погодени од шумски пожари.
Поради тоа, на граѓаните им беа поделени вреќи со песок, распоредени се чамци за спасување, а на граѓаните им беше препорачано да подготват вреќи со најпотребните предмети, пренесува АП.
Во меѓувреме, градот Портланд им нареди на комуналните претпријатија да ги премачкаат улиците со 2.000 галони течен агенс за одмрзнување, додека официјалните лица во Орегон и Ајдахо отворија засолништа за итни случаи за да се подготват за предвидениот снег и мраз.
