САД признаа дека настрадале цивили во еден од последните напади со беспилотно летало во Кабул

НАЈНОВИ ВЕСТИ

САД признаа дека во напад со беспилотно летало во Кабул, кое се случило само неколку дена пред повлекувањето, настрадале 10 невини луѓе, изјавил претставник за американската „Би-Би-Си“.

Истрагата открила дека во нападот на 29. август, загинал хуманитарен работник, заедно со девет члена на неговото семејство, од кои седум биле деца. Најмладата жртва имала само две години. 

Американската разузнавачка служба го следела автомобилот на човекот осум часа, и биле убедени дека станува збор за член на терористичката група ИС-К. 

Тој напад беше еден од последните акции на американската војска, пред да заврши 20-годишната воена операција во земјата. 

Истрагата октрила дека автомобилот на убиениот човек бил виден во комплексот поврзан со терористичката група.