САД разочарани од судството во земјава – за 30 години дале пола милијарда долари за владеење на правото

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

реклама

Уште пред независноста, САД финансиски го помагаше судството во Македонија за да биде независно, ефикасно и да се бори против корупцијата, но резултатите се разочарувачки изјави американската амбасадорка во Скопје, Ангела Агелер, на интервју за „Капитал“

„Кога станува збор за напредокот во судството, ние сме разочарани. Во последните триесет години, сме инвестирале половина милијарда долари во програми за владеење на правото и добро владеење, но не гледаме подобрувања и реформи што би можеле да ги очекуваме со толку голема инвестиција“, вели Ангела Агелер.

реклама

Агелер изрази загриженост и за нивото на корупцијата не само во судството туку и во другите сфери. Додаде дека систематската корупција е присутна во сите домашни сектори а тоа многу им штети на граѓаните.

„Сите вие заслужувате општество, судство, влада чии постапки се транспарентни и ви служат вам – на граѓаните. Тоа е камен – темелник на фер и функционална демократија.На тоа треба да се фокусира владата, без разлика на тоа која партија е на власт. Судството мора да биде независна, целосно финансирана и неполитичка гранка на власта. Политичките лидери треба да го сакаат тоа, а вие граѓаните  треба да го барате“, додаде Ангела Агелер.

реклама

И евроамбасадорот Дејвид Гир изјави дека е разочаран од судството и токму поради тоа ЕУ ќе испрати оценска мисија за Судски совет. Од друга страна холандскиот амбасадор, Дирк Јан Коп, пред неколку месеци ги замрзна проектите и финансиите за Судски совет поради слабите резултати.

реклама
реклама
реклама
реклама
реклама
реклама