САД се подготвуваат за рекорден топлински бран – измерени 54,4 степени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во западниот дел од САД, жештините се екстремни, па следните денови во Калифорнија и Невада се очекуваат рекордни температури.

Тоа се случува неколку недели откако топлотен бран го погоди северниот дел на САД, кој го доживеа најтоплиот јули во историјата. Во „долината на смртта“ во Калифорнија во петок се измерени 54,4 степени, и слична топлина се очекува овој викенд.

Милиони лица во САД живеат под предупредување за есктремно време. Националната метеоролошка служба на жителите им советувала да пијат многу вода и да седат во климатизирани простории.

Температурите во „долина на смртта“ би можеле да достигнат рекордно ниво, а највисока температура во тој дел е измерена 56,7 степени во 1913 година, но метеоролозите го оспоруваат.

Пожарникарите се борат со шумски пожари, а кажуваат дека воздухот е толку сув што авионите додека ја пуштат водата да падне на тлото, таа испарува.