Стејт департментот им препорача на Американците да ги преиспитаат своите планови да патуваат во Израел и палестинските територии поради зголемувањето на израелско-палестинското насилство.
Во упатството издадено синоќа, Стејт департментот ги смени препораките за патување во Израел, Западниот брег и Појасот Газа и ги подигна на ниво – три, што значи „преиспитување зa патување“.
Претходно, ова беше на ниво два, кога на патниците во тие области им беше препорачано „поголемо внимание“. Во изменетото предупредување се наведува дека причината е продолжување на ракетниот оган од Газа во неколку области во јужен и централен Израел, вклучувајќи го и Ерусалим и израелската воена реакција на нападите, со, како што е посочено, „значително засилување“ на насилствa и протести низ целиот Израел.
„Протестите и насилствaтa може да продолжат со мало предупредување или без претходно предупредување“, соопшти Стејт Департментот.
