Дигитално здравство 2026–2030: Пристап до податоците, целосен увид во историјата на пациентот

НАЈНОВИ ВЕСТИ


Министерството за здравство ја претстави Стратегијата за дигитално здравство 2026–2030, со фокус на пациентот. Целта е до 2030 година граѓаните да имаат пристап до своите здравствени податоци, додека лекарите за време на лекувањето да имаат целосен увид во историјата на пациентот.

Министерот Сашо Клековски изјави дека во моментов во здравствениот систем не се разменуваат доволно податоци. Стратегијата предвидува онлајн здравствено досие преку порталот „Мое здравје“, консултации на далечина и следење на хронични пациенти.

Пациентите ќе можат да видат кој имал пристап до нивните податоци, да бараат исправки и да дадат или да ја повлечат својата согласност.

Стратегијата опфаќа 5 приоритети, 38 мерки и 152 активности, додека главната имплементација е планирана за 2028–2029 година.