САД соборија ирански дронови во близина на Ормускиот Теснец, растат тензиите во време на преговорите со Техеран

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Американските сили собориле неколку ирански дронови кои се движеле кон Ормускиот Теснец, пренесуваат странските медиуми, повикувајќи се на извор запознаен со случувањата во регионот.

Според официјалниот претставник, кој зборувал под услов на анонимност, иранските дронови претставувале закана за трговскиот поморски сообраќај на една од најважните светски пловни рути.

Во меѓувреме, Централната команда на САД (CENTCOM) соопшти дека Иран започнал напади со дронови-камикази со цел да ги погоди трговските бродови кои минуваат низ Ормутскиот Теснец.

„Во изминатите часови, американските сили ги соборија сите дронови идентификувани како закана, додека пловидбата низ Ормускиот Теснец продолжува без прекин“, се наведува во соопштението објавено од CENTCOM на платформата Икс (X).

Настанот се случува во чувствителен момент, додека Вашингтон и Техеран известуваат за напредок во преговорите насочени кон намалување на тензиите и постигнување договор за ставање крај на конфликтот.

Сепак, последниот инцидент покажува дека ситуацијата во регионот и понатаму останува нестабилна.