Американската Централна команда (Centcom) денеска соопшти дека два трговски брода со американско знаме „успешно поминале низ Ормускиот теснец“.
Centcom наведе дека разурнувачите со наведувани ракети на американската морнарица оперираат во Персискиот Залив откако поминале низ теснецот.
„Американските сили активно помагаат во напорите за повторно воспоставување на транзитот за трговските бродови“, се наведува во ажурирањето.
Centcom не ги објави имињата на бродовите за кои тврди дека успешно пловеле низ теснецот.
Пред ова соопштение, Иран тврдеше дека со две ракети нападнал американски брод во теснецот, но САД го негираа тоа.
Во меѓувреме, Обединетите Арапски Емирати соопштија дека во понеделник Иран нападнал брод во Ормускиот теснец.
